• Иван Димовски
Велшкиот фудбалер Герет Бејл ги изненади сите кога пред некоја седмица најави крај на играчката кариера. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се повлече од фудбалот на само 33 години.
Сега, Бејл најави нов почеток во животот. Велшанецот ќе се проба во професионалниот голф, откако беше јасно дека е голем љубител на овој спорт. Бејл на својот Инстаграм профил го најави настапот на AT&T Pebble Beach Pro-Am турнирот, кој има награден фонд од седум милиони евра.
Бејл низ фудбалската кариера настапуваше за Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид и Лос Анџелес. Дури и кога играше фудбал, фудбалерот од Велс често знаеше да замине да игра рекреативно голф, а тоа беше критикувано од фановите. Сега конечно Бејл ќе може да се посвети на спортот кон кој има огромна пасија.