ВИДЕО: До темел изгоре вилата на американскиот голфер Дејвис Лав

Американската јавност, иако силно преокупирана со пандемијата ковид-19, денес одвои место да извести за големата несреќа која го снајде американскиот голфер Дејвис Лав. Неговата вила се запали и изгоре до темел. Голферот и неговите најблиски биле во вилата, но останале неповредени.

Причината за пожарот не е позната, а пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот и со часови го гаснеле пожарот, не успеале да ја спасат вилата.

„Тажни сме поради тоа што го загубивме домот и нашите спомени, но благословени сме што сите сме добро и што не сме повредени“, напиша голферот на социјалните медиумите. 

 Дејвис Лав во кариерата заработил 45 милиони долари.