Бурниот живот на Тајгер Вудс: Сексуален зависник, 120 љубовници и тежок развод

Славниот американски голфер и еден од најбогатите спортисти во светот, Тајгер Вудс, отсекогаш бил човек кого го следеле низа скандали и непријатни случки. 

Најмногу е познат поради неговата доминација на голф-терените и освојувањето безброј титули, но премногу често се наоѓаше и на „жолтите страници“ со многубројните скандали. Вудс стапи во брак со Елин Нордегрен во 2004 година, но потоа, во период од само пет години, голферот беше вмешан во повеќе скандали поврзани со неговото однесување. 

Токму во 2009 година на површина „испливаа“ сите сексуални афери на Вудс, кој потоа се разведе од сопругата и побара помош од психијатар, каде изјавил дека е „зависен од секс и не може да се контролира“. Откако беа обелоденети аферите, стотици порно-актерки и стриптизети даваа изјави дека биле негови љубовници, а со дел од нив се забавувал и во периоди од по неколку месеци. 

Американските медиуми пишуваат дека Тајгер Вудс отсекогаш имал чуден однос кон жените и „ископаа“ едно писмо кое тој го испратил на својата девојка кога имал 18 години. Неговите родители сметале дека таа лошо влијае на неговата голферска кариера, по што Вудс ѝ го напишал следното: 

„Моите родители и јас сметаме дека повеќе никогаш не треба да комуницираме со тебе. Се надевам дека ќе имаш убав остаток од животот“.

Постои и потврдена случка од неколку извори, за моментот кога Вудс за првпат го видел Мајкл Џордан, кој бил опкружен со десетина девојки. Голферот тогаш имал 20 години и го прашал славниот кошаркар “како да ги натерам девојките да ме сакаат?“, на што Џордан одговорил: „Оди и само кажи им дека си Тајгер Вудс, најдобриот голфер во Америка“.  

Потоа следуваше и бракот на Вудс, но во низата афери се дозна дека тој на својата ергенска вечер бил со една позната порно-актерка, а неговиот бурен сексуален живот траел и додека бил оженет со неговата поранешна сопруга.

„Лудиот“ начин на живот кулминираше со тешката бракоразводна парница, по која неговата сопруга успеа да земе огромна отштета. Медиумите никогаш не ги добија конкретните договорени суми, но се шпекулира дека Елин Нордегрен добила околу 140 милиони долари, заедно со две куќи во Мајами, една во Мексико, како и дополнителен имот во вредност од 13 милиони долари. 

Тајгер Вудс стана повторно актуелен деновиве, откако низа медиуми ја пренесоа веста дека сѐ повеќе почнал да се ориентира кон фамилијарниот живот и посветувал огромно внимание на неговите деца. Неодамна, тој откажа учество на два престижни настани, за да може да патува со неговиот син, кој се натпреварува во јуниорските голферски категории.