Атрактивна голферка освои богата награда: „Прославив со тост и помфрит“

Англиската голферка Чарли Хал заработи 750.000 долари во февруари со освојувањето на „PIF Saudi Ladies International“, нејзината петта титула на женската турнеја. Кога дозна дека победила со само еден удар, нејзината прва реакција беше: 

„Одлично, барем сега можам да ја отплатам куќата!“. Победата беше дел од рекорден награден фонд од 5 милиони долари, а голферките сега се натпреваруваат за дел од 4 милиони долари во Лас Вегас.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Charley Hull (@charley.hull)

Пред првото коло во Лас Вегас, Хал во едно интервју откри како ја прославила својата голема победа во Саудиска Арабија и на што ги потрошила парите.

 „Знаете што? Воопшто не славев. Бев толку уморна кога се вратив дома и бев болна цела недела, нешто ме снајде“.

Таа додаде дека нејзината прослава била многу неконвенционална. 

„Буквално, кога слетав, прославив со одење во спа-центар. Не излегов на вечера, само се опуштив во собата со моето момче и имав навистина фенси вечера, тост со шунка, сирење и помфрит. Само ми се јадеше“, рече таа.

Хал потврди дека не купила ништо затоа што е целосно фокусирана на својот дом. 

„Не би рекла дека славев и не купив ништо затоа што во моментов го редекорирам мојот дом. Па би рекла дека мојот 30-ти роденден беше еден вид прослава“, објасни таа.

Заедно со нејзините спортски успеси, расте и нејзината онлајн популарност, а ѕвездата родена во Кетеринг сега ја следат 827.000 луѓе на Инстаграм.