• Сашо Поповски
Американската гимнастичарка Саманта Серио доживеа стравична повреда и поради истата ја заврши професионалната кариера.
Многумина ѝ предвидуваа фантастична иднина, но нејзиниот последен тренинг заврши тажно. Имено, таа при еден доскок ги скрши двете нозе и предизвика целосен молк во салата.
Таа веднаш беше пренесена во болница, а сериозноста на повредата сѐ уште не е позната за јавноста.
- Погледнете го видеото од повредата на Американката:
Набрзо, Саманта објави на Инстаграм дека завршува со гимнастиката и дека тоа беше нејзиниот последен настап.
И покрај повредата на Серио, универзитетот Аубурн заврши на првата позиција и зад себе ги остави Аризона Стејт и Џорџ Вашингтон.