• Горан Упале
Американката Симон Бајлс уште еднаш ја покажа својата доминација во светот на гимнастиката. Во финалето по справи, таа на прескок го изведе својот легендарен потег, попознат како „Бајлс II“. Тоа е најтешкиот скок според женските правила, а нејзиното денешно приземјување беше најдобро на олимпискиот гимнастички турнир во Париз.
Таа беше наградена со 15,7 поени. Одличен ѝ беше и вториот скок, таа го изведе познатиот „Ченг“ со едно и пол вртење во воздух. Бајлс лесно ја задржа првата позиција и го освои златото, трето по ред.
Втора беше Бразилката Ребека Андраде, а третото место го освои Американката Џејд Кери.