Само светската првенка Аверина подобра од нашата Рејчел Стојанов

Најдобрата македонска гимнастичарка, Рејчел Стојанов го оствари најголемиот успех во сопствената кариера. Младото девојче, родено во Охрид, го освои второто место и сребрениот медал на обрач на меѓународниот онлајн турнир организиран од Руската гимнастичка федерација.  

Подобра од Стојанов беше само светската шампионка, Русинката Аверина. Натпреварувањето беше многу квалитетно, а пријавени беа дури 15 руски гимнастичарки. Овој турнир е подготовка за Европското првенство во Киев, кое ќе биде квалификационо и за Олимписките игри. 

 

Нашата Рејчел е една од кандидатките за место на Летните Олимписки Игри во Токио.