• Горан Упале
Гимнастиката се води како еден од најопасните спортови и речиси секој гимнастичар(ка) се има здобиено со сериозна повреда. Но, овој спорт понекогаш знае да биде и фатален.
Американската гимнастика вчера остана без младата Мелани Колман, која го загуби својот живот како последица на тежок пад при изведување на рутинска вежба на двовисински разбој.
„Нашите мисли и молитви се насочени кон семејството Колман“, изјави прв човек на универзитетскиот атлетски клуб, Џеј Моран.
20-годишната Колман потекнува од гимнастично семејство и заедно со своите две повозрасни сестри ја продолжија традицијата на нивната мајка.
„Духот, насмевката и хуморот на Мелани ќе живеат низ оние кои најмногу ја сакаа и почитуваа“, велат од семејството Колман.
Мелани беше една од најдобрите гиманстичарки на Универзитетот во Јужен Конектикат.