Руските гимнастичарки нема да патуваат на „Дериугина Купот“ во Киев

Спортските настани кои се одржуваат во Украина или соседството се одложени или „замрзнати“, а и настапите на украинските спортисти на домашна и меѓународна сцена се во втор план по избивањето на воениот конфликт во Укриана.

Руските натпреварувачки во ритмичка гимнастика нема да учествуваат на „Дериугина Купот“ во Киев во март годинава.

„Поради актуелната ситуација помеѓу Русија и Украина, секако, нема да биде возможно да патуваме во Киев, изјави Винер-Усманова, претседателката на Руската федерација во ритмичка гимнастика.

Од спортските настани „виси“ баражот на Русија против Полска за пласман на фудбалскиот Мундијал во Катар, а УЕФА се заканува дека на Русија може да ѝ го одземе финалето од Лигата на шампионите во Санкт Петерсбург.