ВИДЕО: Руските гимнастичари за еден поен им го „украдоа“ златото на Кинезите

Руските гимнастичари се нови светски прваци во екипна конкуренција, откако во неверојатно драматичен финиш ја совладаа Кина на Светското првенство во гимнастика во Штутгарт. Шампион во повеќебој Артур Далалојан ги поведе Русите до првото екипно злато во модерната историја.

Токму Далопјан оствари супер-резултати во партер, прескок, алки и вратило и со вкупно 261.726 поени „Зборнаја“ ги победи азиските феномени.

Актуелниот шампион Кина заостана за еден поен, а Јапонија го освои бронзениот медал.

Последен пат Русите освоија злато на екипна конкуренција во 1991 година, тогаш под знамето на Советски Сојуз.