• Зоран Мишевски
Потенцијалната македонска олимпијка, гимнастичарката Рејчел Стојанов оствари уште еден голем меѓународен успех. Младата охриѓанка настапи на митингот „Ирине Деленау Куп“ во Романија, каде заедно со Рејчел, настапија гимнастичарки од Романија, Бугарија, Молдавија, Азербејџан, Норвешка и Украина.
Стојанов го освои одличното осмото место во повеќебој, а посебно блесна во вежбата со чуневи, каде заврши како петтопласирана со 19.000 поени. Рејчел одлично работеше и со обрач, освојувајќи 18.000 поени. Овие два резултати се најдобри во нејзината интернационална кариера, што покажува дека одлично ја темпира формата пред најважните пролетни натпревари.
17-годишната Рејчел Стојанов е олимписки кандидат на Македонскиот Олимписки комитет и еден од кандидатите за вајлд-карта за големиот настан во Токио.