• Зоран Мишевски
Најдобрата македонска гимнастичарка, Рејчел Стојанов оствари уште еден одличен меѓународен резултат, откако од Светскиот Куп во ритмичка гимнастика во Баку, Азербејџан се врати со одличното 32 место во конкуренција на 72 гимнастичарки.
Со оглед на тоа што сите велесили настапуваат со две гимнастичарки, овој резултат на младата охриѓанка е одлично претставување. Посебно ефектен беше настапот на чуневи на Стојанов и освоените 16.500 поени.
Следното Светско првенство, исто така ќе се одржи во Баку во месец септември, а ќе биде и изборно за Олимписките игри. Со смената на квалификациите, нашата гимнастичарка има реални шанси да се пласира на Олимписките игри во Токио со изборена А норма.
Имено, Светската гимнастичка федерација дозволува посебни квалификации за гимнастичари и гимнастичарки од малите земји и потребно е Стојанов да биде најдорба на мини-турнир од пет земји. Резултатите на нашата девојка се убедливо најдобри и шансите за олимписка виза се многу големи.