• Зоран Мишевски
Најдобрата македонска гимнастичарка Рејчел Стојанов се враќа со одлично постигнување од првиот митинг од Светскиот Куп во ритмичка гимнастика во италијанскиот град Пезаро. Стојанов го освои 52-то место од 72 натпреварувачки од целиот свет. Со оглед на тоа што за младата охриѓанка ова е прв сениорски настап и тоа во најсилна можна конкуренција, ова е одлично постигнување.
Нејзините инвидуални резултати се следни: топка 16.050, обрач 15.700, лента 14.700, чуневи 16.150 поени. Следниот викенд следи вториот турнир од Светскиот Куп и ќе се одржи во Софија, градот каде што 16-годишната Рејчел тренира. Тренер на Рејчел е 70-годишната Неска Робева, најтрофејниот тренер во историјата на светската ритмичка гимнастика, со освоени над 250 медали и долгогодишен селектор на бугарската репрезентација.
Надежта е дека ќе ги подобри резултатите од Пезаро и ќе напредува од турнир во турнир.
Гимнастичарка од Русија, Украина, Бугарија ги освоија водечките места на силниот прв турнир во риткичка гимнастика.