Шампионка во гимнастика стана дел од порно индустријата за да преживе

Многу спортистки по завршувањето на спортската кариера, се враќаат на своите хоби и активности од детството. Но, има и такви кои пронаоѓаат друг тип на активности и работа. Холанѓанката Верона ван де Леур некогаш беше една од најдобрите гимнастичарки во светот. Во 2002 година освои едно злато и две бронзи на Светскиот Куп во Штутгарт, а има и медали од Европските шампионати и Купови.

Сепак, нејзината кариера не се одвиваше како што таа очекуваше, посебно не заработката од гимнастиката. За заработените пари од спортот се грижеле нејзините родители, но кога пред Олимписките игри во Атина во 2004 година, доживеа тешка повреда, се сруши цел нејзин свет. Нејзиниот татко бил страствен коцкар и потрошил голем дел од парите. Верона решила да ги тужи родителите и започнала нова кариера, која нема никаква врска со спортот. 

Судот пресудил во нејзина корист и родителите требало да ѝ исплатат 81.000 фунти. Две години Верона и нејзиното момче живееле во автомобил, а заради обид за изнуда завршила два и пол месеци в затвор.

Денес, Верона е дел од порно индустријата и заедно со нејзиното момче заработува со снимање на филмови за возрасни. 

„Работата во оваа индустрија беше тешка одлука. Моето момче е фотограф и актер и заедно сме во оваа приказна. Не ни очекував дека ќе завршам во овој бизнис. Започнав во 2011 година на девојка за веб -камера, но брзо започнав со снимање“, откри Верона ван де Леур.

34-годишната поранешна гимнастичарка живее во малото место Гуда, меѓу Ротердам и Утрехт и иако во ноември 2019 година најави дека ќе се повлече од порно бизнисот, уште се занимава со снимање на филмови за возрасни.