Пет медали за Рејчел Стојанов на митингот „Жулиета Шишманов“ во Бургас

Најдобрата македонска гимнастичарка, Рејчел Стојанов ја подигнува формата како се доближуваат клучните квалификациони турнир за Олимписките игри во Токио. Охриѓанката донесе пет медали, од кои три златни, еден сребрен и еден бронзен од интернационалниот гимнастички турнир „Жулиета Шишманова“ во бугарскиот град Бургас.

Стојанов беше златна во повеќебој, обрач и топка, сребрен медал во вежбите со лента и бронза со чуневи.

Во силна конкуренција во Бургас настапија гимнастичарки од Бугарија, Азербејџан, Јапонија, Норвешка, Канада и Велика Британија.

Следен турнир на кој ќе настапи македонската гимнастичка е натпреварот во Пезаро следниот викенд.