• Зоран Мишевски
Продолжуваат успесите и импресивната форма на најдобрата македонска гимнастичарка, Рејчел Стојанов. Македонската олимписка кандидатка блесна на интернационалниот митинг во ритмичка гимнастика „Жулиета Шишманова“ во бугарскиот град Бургас.
Охриѓанката освои сребрен медал во повеќебој, златен медал во вежбата на трака, сребрен на обрач и чуневи и бронзен во вежбата со топка. Овие пет медали се јасен показател за формата на Стојанов, која од натпреварување во натпреварување е се подобра и подобра.
На митингот во Бургас настапија гимнастичари од девет земји во континентот.
Овие резултати на Рејчел радуваат пред Европското првенство кон крајот на месецо во Баку. Пласманот во Азербејџан ќе биде квалификациски и за Олимписките игри во Токио.