ВИДЕО: Перфектниот настап на американска гимнастичарка кој има 13 милиони прегледи

Сензационалниот настап на гимнастичарката од универзитетот на Калифорнија, Кејтлин Охаши, ги освои срцата на љубителите на овој спорт ширум светот. 

Нејзиниот резултат 9.95 во финалната серија стана хит на Интернет и набрзо доби милионски број на прегледи.

22-годишната гимнастичка атракција во јануари оваа година го шокира светот со настап за кој доби перфектна оценка 10.