Пејџ освои злато на трамбулина и го комплетира сетот олимписки медали

Британката Брајони Пејџ (33) ја освои титулата олимписки шампион во скок на трамбулина на Олимпијадата во Париз, со што го комплетираше сетот олимписки медали.

Пејџ, која има сребро од Рио де Жанеиро 2016 и бронза од Токио 2021 година, во финалето стигна до златото со 56.480 поени, 0.420 помалку од сребрената Вијалета Браџиловскаја (19), додека Канаѓанката Мет дојде до бронзата со 55.650 поени.

Бранителката на титулата од Токио, Кинеската Ксуејинг Жу (26), откако беше најдобра во квалификациите, остана четврта во финалето со 55.510 поени.