Од славје до солзи: Романка славеше медал, а потоа ѝ го „украдоа“ (ВИДЕО)

Романската гимнастичарка Ана Барбосу на партер натпреварувањето на Олимписките игри, на самиот крај имаше резутлат кој ѝ носеше бронзен медал. 

18-годишната Барбосу собра 13.700 поени, што во тој момент беше трет најдобар резултат. Младата гимнастичарка почна да го слави бронзениот медал во Париз, меѓутоа тогаш дојде одлуката на судиите. 

Имено, американската делегација упати жалба за оценката на Џордан Чилс од еден од судиите. По консултација, судиите ја уважија оваа жалба, па ја сместија Американката на третото место и ѝ го „украдоа“ медалот.