• Зоран Мишевски
Илина и Ева Соколовски продолжуваат да жнеат медали на натпрварит во ритмичка гимнастика во Германија. Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот „Gaumeisterschaften 2024“, кој е турнир со голема традиција во Германија. Иако имаа силна конкуренција, сепак, 14-годишната Илина освои првото место, додека 14-годишната Ева го освои третото место .
Илина овој турнир го смета како загревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна и Херцеговина.
Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастички спортови, на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта.