Неправдата е исправена, бронзениот медал ѝ е вратен на Романката Барбосу

Со одлука на Судот за спортска арбитража (ЦАС), на романската гимнастичарка Ана Барбосу ѝ е вратен бронзениот медал кој го освои минатиот вторник во финалната серија. 

По жалбата на американскиот тим, медалот првично ѝ беше доделен на Џордан Чилс, која во конечниот пласман заврши на петтото место, но сега оваа неправда е коригирана и бронзата завршува на градите на Романката Барбосу. 

„Искрено, не верував дека ова е вистина. Ги прашував луѓето дали се шегуваат со мене. Драго ми е што Судот донесе одлука во моја корист, затоа што јас го заслужив медалот. Ги прегрнав моите родители и сите од мојот тим, бескрајно сум благодарна за целиот труд што го вложија во мене“, рече младата Романка. 

Судот пресуди во корист на Барбосу, затоа што жалбата од Американците била поднесена четири минути подоцна од предвидениот рок, што автоматски значи дека истата е нерегуларна. На Американката Чилс ѝ остана првичниот резултат од 13,666 поени, со кои останува на петтото место.