• Зоран Мишевски
Соединетите Американски Држави очекуваа златен медал од Симон Бајлс во олимпискиот повеќебој, но најсјајниот медал од најкомплексната гимнастичка дисциплина заврши на градите на друга Американка - Синиза Ли.
Американката, со потеколо од Кина, собра 57.437 поени и го одби нападот на Бразилката Андраде. Таа имаше последен настап на партер, во кој го напаѓаше златниот медал, но за 0.135 поени заостана зад Ли. Русинката Мелникова со 57.199 поени го освои бронзениот медал. Втората Русинка Уразова и Јапонката Мураками останаа без медал и во финалната класификација завршија на четвртото и петтото место.
Симон Бајлс не настапи, бидејќи се пожали на ментални грижи и, иако постоеја најави за нејзино вклучување во официјалниот протокол, таа не се појави. Веројатно нема да настапи и во подоцнежниот тек на олимпискиот турнир во гимнастика.
Од утре започнува распределбата на медали по справи и во машка и во женска конкуренција.