Најдобрата светска гимнастичарка ја гледаа Том Круз, Аријана Гранде, Снуп Дог...

Познатата американска гимнастичарка Симон Бajлс се пожали на непријатност во потколеницата на левата нога, но продолжи да се натпреварува во квалификациите во повеќебој на гимнастичкиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Бајлс настапи во Париз со уште пет американски гимнастичарки, а по изведбата на греда накратко го напушти теренот со тимската докторка Марсија Фаустин. Таа набрзо се врати и го гледаше својот тим од клупата за резерви. Сепак, додека настапи таа имаше одушевувачки настапи. 

Црномурестата Американка е една од најголемите ѕвезди не само за тимот на САД, туку и на Олимпијадата во Париз, и сите сакаа да ја видат како настапува, откако ги пропушти Игрите во Токио, борејќи се со депресија. На квалификациите во „Париз Берси“ присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои актерите Том Круз и Џесика Честејн, музичарите Џон Леџенд, Аријана Гранде и Снуп Дог...

Бајлс во текот на кариерата освои вкупно 37 олимписки и светски медали, а во Париз ќе се бори за уште шест олимписки медали.