• Зоран Мишевски
Најдобрата македонска репрезентативка во ритмичка гимнастика Рејчел Стојанов од денес до недела го има првиот голем предизвик во 2019 година. Талентираната гимнастичарка е единствена македонска претставничка на првиот турнир од Светскиот Куп во италијанскиот град Пезаро.
Стојанов ја има првата шанса да собере бодови за место на Олимписките игри во Токио, со оглед на тоа што годинава започна бодувањето и собирањето на поени за олимписка норма. Со години младата охриѓанка тренира со најдобрите светски тренери во ритмичка гимнастика и се соочува со голема шанса.
Пред заминувањето во Пезаро таа ни потврди дека е во одлична форма и дека нејзините очекувања од турнирот се големи. Македонија никогаш не била ни блиску до шанса една наша гимнастичарка да учествува на Олимписки игри, а немаме настап ни на сениорско Светско првенство.
- Запознајте се со квалитетите на Рејчел Стојанов: