ВИДЕО: Најдобрата македонска гимнастичарка 26-та на Гаспром Купот во Москва

Најдобрата македонска гимнастичкарка Рејчел Стојанов оствари одличен резултат, освојувајќи го 26. место на меѓународниот натпревар „Алина Кабаева“ - Гаспром Куп во Москва. Младата 16-годишна македонска натпреварувачка во ритмичка гимнастика собра 66,40 поени и оствари резултат над очекувањата. 

Настапот на Рејчев Стојанов во Москва:

Победничката на натпреварувањето беше 21-годишната Дина Аверина од Русија, а пиедесталот го комплетираа нејзините сонароднички Трубникова и Крамаренко.