Македонски гимнастички „бисер“ освои злато во Бундеслигата

Македонската гимнастичарка Илина Соколовска забележа уште еден респектабилен резултат. На стартот на натпреварите во Бундеслига, Илина освои злато и го однесе нејзиниот клуб Гутерсло-Билефелд на првото место. 

Ова уште еден успех на нашата Илина, која иако е со македонски пасош, сепак, освојува медали во Германија. Илина и нејзината сестра Ева минатиот месец  по вторпат ја претставуваа Македонија на Балканско првенство.

Двете сестри заедно со Федерацијата за гимнастички спортови (ФГСРМ) ќе ја преставуват Македонија во Луксембург на Интернационален турнир по ритмичка гимнастика, кој ќе се одржи од 20 до 23 декември.