Кина разочара, Бугарките се „златни“ во ритмичка гимнастика

Кинезите нема да ги завршат Летните олимписки игри во Токио како најуспешна нација, имајќи предвид дека Соединетите Американски Држави веќе се пред нив по бројот на вкупните медали, но и по бројот на златни медали.

Кина, утрово доживеа уште еден удар, откако ритмичките гимнастичарки останаа без медал, иако беа едни од главните фаворити пред финалето.

Во овој спорт златото ѝ припадна на Бугарија, среброто на Русија, додека бронзата заврши кај Италијанките. Кинезите го завршија натпреварувањето на четвртото место со 42.400 поени, што беше за 0.450 помалку од бронзената Италија, а интересно е тоа што Бугарија до златото дојде со само 0,050 поени предност пред Русинките.