Историски успех: Рејчел Стојанов 16-та на ЕП во ритмичка гимнастика

Најдобрата македонска гимнастичарка, Рејчел Стојанов оствари фантастичен резултат на Европското првенство во ритмичка гимнастика во Киев и ги разбуди надежите за учество на Олимпиките игри во Токио. Имено, младата охриѓанка, која е членка на КГС Партизан од Битола, го освои 16. место, во силна конкуренција, што е убедливо најдобар резултат на една македонска гимнастичарка во историјата.

Се очекува одлука на Европската гимнастичка федерација, која може да ѝ додели виза за Токио на Стојанов, како дел од програмата за учество на Олимписките игри на гимнастичарки од малите земји. Стојанов е меѓу стипендистите на Македонскиот Олимписки Комитет. 

Рејчел најнапред беше второпласирана во својата група, а во финалната класификација зад себе остави многу познати имиња и нации со традиција во гимнастичкиот спорт. Резултатот во повеќебој беше поделен по справи, а Стојанов ги оствари следните резултати: обрач 22.450, 19.250 чуневи, 19.000 лента и 19.000 топка.

Стојанов веќе со години работи со легендата на светската гимнастика, Бугарката Нешка Робева, а поддршка има од Федерацијата за гимнастички спортови и Македонскиот Олимписки Комитет.