Историски подвиг: Симон Бајлс го освои ДВАЕСЕТТИОТ медал од Светските првенства

Светската гимнастика ја слави Симон Бајлс. Американските гимнастичарики го освоија златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Антверпен. Победничките со 167.729 поени во финалниот пласман завршија пред Бразилките (165.530) и Французинките (164.064).

Американките седми пат по ред победија во екипна конкуренција на планетарниот шампионат, а Бајлс испиша историја освојувајќи го дваесеттиот златен медал на светските првенства. На Олимписките игри и светските првенства таа вкупно има освоено 33 медали, со што стана најдобра на сите времиња.

Бајлс во 2013 година баш во Антверпен на 16-годишна возраст го освои својот прв медал на Светскиот куп во кариерата.