• Зоран Мишевски
Македонската гимнастика оствари историски резултгат, откако 16-годишната Рејчел Стојанов, се врати со одлично постигнување на првиот свој настап на сениорско Светско првенство. Младата охриѓанка се врати од Баку (Азербејџан) со 68-мо место од 116 натпреварувачки во повеќебој во ритмичка гимнастика.
На чуневи Стојанов го оствари 69-тото место од 153 натпреварувачи. Ова е одлично постигнување во средината на табечата, ако се знае дека секоја репрезентација пријави по три гимнастичарки, па доминацијата на натпреварувачките од поранешниот Советски Сојуз беше евидентна.
Настапот на Стојанов на Светското првенство во ритмичка гимнастика - повеќебој:
Сестрите близначки Аверина ги освоија првите две места на Светското првенство.
Ова е виден напредок во кариерата на Стојанов, која напорно тренира во соседна Бугарија и продолжува со својот сон да се избори за место на Олимписките игри во Токио.