Илина Соколовска обезбеди историски настап на Светското првенство во ритмичка гимнастика

Илина Соколовска ги освои потребните бодови и ја одведе Македонија на Светско првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во август во германскиот град Франкфурт.

Таа пред неколку дена настапи на Европското првенство во ритмичка гимнастика во Варна. Овој натпревар беше клучен за квалификации за Светското првенство. Соколовска живее со семејството во Германија и одамна е дел од Бундеслигата.

Илина не го криеше задоволството што ќе настапува под македонско знаме на големиот собир. 

„Два месеци претстојував во Баку на подготовки. За време на тренинг кампот учествував на силни турнири. 

Иако ќе ја претставувам Македонија на европски и светски натпревари моите родители ги покриваат сите трошоци“, рече Илина за спортското радио 90,3.

Македонија вторпат ќе има учесник на Светско првенство во гимнастика или ритмичка гимнастика. Претходно Рејчел Стојанов беше првата Македонка која настапи на голем гимнастички собир.