Илина и Ева Соколовска „жнеат“ медали, следи Европскиот Куп во Баку

Македонските гимнастичарки Илина и Ева Соколовски повторно се закитија со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија. 

Илина освои злато, додека Ева сребро на традиционалниот натпревар во Гутерслох и се квалификуваа нa републичкиот натпревар во Боркен, каде Илина освои сребро, а Ева со тимот го освои првото место. Двете од овој натпревар се квалификуваа на големото германско финале, кое ќе се одржи во Лајпциг во мај.

Витрините на овие две талентирани девојчиња се полни со пехари и медали иако со своите 18 години Илина веќе се натпреварува во сениорка конкуренција, додека Ева е во јуниорската конкуренција со најдобрите 35 гимнастичарки во Германија.

И Ева и Илина веќе се репрезентативки на Македонската гимнастичка федерацијата на гимнастика на Македонија, а членки се и на гимнастичкиот клуб Партизан од Битола.

Илина ќе ја претставува Македонија на Европскиот Куп, кој ќе се одржи во Баку, Азербеџан, од 1-4 мај. Конкуренцијата на овој куп е многу силна, па затоа Илина од 20 април заминува на подготовки во Азербеџан.