• Горан Упале

Јапонскиот гимнастичар Шиносуке Ока го освои златниот медал во поединечен повеќебој на Летните олимписки игри во Париз. Ока во салата „Берси“ освои вкупно 86.832 поени.
Сребрениот медал заврши кај Кинезот Боен Жанг со 86.599 поени, а бронзата ја освои неговиот сонародник Руотенг Ксијао со 86.364 поени.
Фаворитот на хартија, Даики Хашимото од Јапонија, целосно потфрли и го зазеде шестото место со 85.598 поени.
Гимнастичарите во повеќебој се натпреваруваат во севкупно шест дисциплини - партер, коњ, кругови, прескок, разбој и вратило.