Гимнастичарката Бајлс бара независна истрага во случајот со злоставување на докторот Насер

Четирикратната олимписка победничка во гимнастика, Симон Бајлс од Соединетите Американски Држави побара независна истрага во случајот со сексуално злосторство на докторот на репрезентацијата Лари Насер. Младата 23-годишна американска гимнастичарка беше меѓу првите која ги откри злоставувањата на докторот, а потоа беше констатирано дека преку 300 гимнастичарки биле жртви на злогласениот доктор.

Федерацијата на гимнастички спортови на САД понуди сума од 215 милиони долари на сите злоупотребени гимнастичарки, а Насер заработи затворска казна меѓу 40 и 125 години. Според проценките, 517 спортистки биле злоставени меѓу 1994 и 2014 година од 56-годишниот доктор.

Бајлс сепак бара нова независна истрага во која ќе бидат продлабочени случаите и подетално ќе бидат анализирани злоделата на Насер. Се претпоставува дека обештетувањето на злоставените спортистки ќе биде поголемо од исплатената сума.