• Зоран Мишевски
Гимнастичарите од СК Атлета Куманово повторно го покажаа својот врвен квалитет и посветеност, освојувајќи одлични резултати на последниот гимнастички натпревар. Со прецизни изведби, силна дисциплина и спортски дух, нашите натпреварувачи се истакнаа во конкуренцијата и го потврдија континуираниот развој на клубот.
На државен натпревар во А и Б програма во машка и женска конкуренција кој се одржа во Скопје, во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата земја,нашите гимнастичари и гимнастичарки постигна одлични резултати.
A-програма (м):
Калин Илијевски второ место постари пионери
Бојан Христовски второ место помлади пионери
Даме Јаневски трето место помлади пионери
Екипно второ место : Милош Јовановиќ и Калин Илијевски
Б-програма (м):
Јаков Стојановски - прво место постари пионери
Михаил Додевски - второ место постари пионери
Георгиј Мартиновски - трето место постари пионери
Илијан Стојановски - трето место помлади пионери
Екипно прво место до 9 години: Алексеј Станковски, Илијан Стојановски, Лазар Ѓоргиевски, Симон Петковски, Урош Радевски, Ангел Трајковски- изјави тренерот Филип Миленковски
Б програма (ж) - помлади пионерки:
Инес Мишевска - второ место поединечно.
Кирјана Крстевска - прво место деца до 7 години
Анисија Станојковска - второ место деца до 7 години
Екипно второ место: Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ања Ристевска, Ива Тодоровска и Лана Богдановиќ (категорија постари пионерки)
Екипно прво место до 7 години: Кирјана Крстевска. Анисија Станојковска, Софија Цеков, Софија Николовска, Изабела Цветковиќ и Леона Попов
„Успехот што го постигнавме е навистина значаен за нашиот клуб. Овој резултат ни дава дополнителна самодоверба и мотивација за нови предизвици. За нас како клуб ова претставува огромна мотивација да продолжиме да се бориме и напредуваат. Планираме учество на уште повеќе натпревари, меѓународни турнири и унапредување на програмите за тренинг. Целта ни е да продолжиме да растеме и да создадеме генерации успешни и среќни млади спортисти.За нас како клуб, најважно е да изградиме здрави спортски навики и самодоверба кај секој член“, изјави тренерот Никола Златановски.
На првенството клубот учествуваше со 28 натпреварувачи, од кои 13 во машка и 15 во женска конкуренција.