• Зоран Мишевски
Германската гимнастичка федерација (ДТБ) започна истрага по тешките обвинувања за физичко и ментално малтретирање од страна на поранешната гимнастичарка Табеа Алт.
Германската гимнастичарка која се пензионираше во 2021 година, го шокираше спортскиот свет со своите откритија на социјалните мрежи за злоставувањето што го претрпела во текот на нејзината кариера. Оваа девојка проговори за годините во кои трпела тешки физички и ментални малтретирања во својот омилен спорт.
„Моето здравје беше загрозено со игнорирање на лекарските наредби. Со неколку скршеници и ме испраќаа на натпревари. Мојот не е индивидуален случај: нарушувања во исхраната, тренинзи за казнување, лекови против болки, закани и понижувањето беа секојдневие за повеќе девојки. Денес знам дека тоа беше систематско физичко и ментално малтретирање“. рече Алт.
Во објава на Инстаграм, 24-годишната девојка опиша токсична средина во германската гимнастика. Сега случајот е на насловните страница и се очекува Алт да ја поддржат и други гимнастичарки.