• Зоран Мишевски
Македонската гимнастичарка Ева Соколовска на републички натпревар по ритмичка гимнастика во Германија освои злато и со стил ја заврши сезоната.
Ева последниве два месеци настапуваше и во јуниорска категорија, каде постигна одлични резултати .Таа во големото германско финале во група го освои четвртото место, додека минатиот викенд се натпреваруваше самостојно со три кореографи на интернационалниот турнир во Северна Вествалија, поточно во градот Верне каде освои злато. Ева учествувше со уште 25 натпреварувачки во јуниорска категорија, настапи со топка, холохоп и чуневи и благодарение на талентот и среќата и тргна се од рака и во трите кореографи имаше највеке бодови , а тоа и го донесе првото место.
Илина и Ева заслужено заминуваат на летен одмор и, како што велат, едвај чекаат бидејќи одморот за нив значи доаѓање во Скопје, каде ќе ги почнат подготовките за следната сезона.