• Зоран Мишевски
Деновиве во Нови Сад, Србија, се одржа Меморијалниот турнир во гимнастика „Лаза Крстиќ и Марица Џелатовиќ”, каде свој претставник имаше и Македонија преку гимнастичкиот клуб Партизан Соколи од Прилеп.
Честа да го претставува градот под Марковите Кули му припадна на Дамјан Атанасоски, кој во тешка конкуренција и помеѓу натпреварувачи од шеснаесет земји, како четврторангиран се пласира во финалето. Атанасоски беше дел од конуренција на гимнастичари од: Финска, Србија, Словенија, Азербејџан, Казахстан, Јужна Африка, Бугарија, Хрватска…
Младиот гимнастичар во финалето заврши меѓу осумте најдобри, што е уште еден огромен успех за гимнастиката во Прилеп, ако се има во предвид во какви услови спортуваат и се подготвуваат овие спортисти во спортската сала „Партизан” во Прилеп.