Данска го откажа гимнастичкиот Мундијал, ФИГ остана без организатор

Очигледно е дека последиците од пандемијата на коронавирусот се чувствуваат и во еден од трите базични спортови. 

Интернационалната федерација за гимнастички спортови објави дека е разочарана што Данска се откажа од организацијата на Светското првенство во гимнастика, што требаше да се одржи од 18 до 24 октомври 2021 година во Копенхаген.

Сега, ФИГ мора што е можно поскоро да најде домаќинот на јубилејното, 50-то Светско првенство. Во овој момент нема изразит фаворит, ниту резервна опција.

Челниците на светската гимнастика најавија дека името на домаќините ќе биде објавено најдоцна до крајот на овој месец.