Британскиот гимнастичар Витлок освои две злата во еден час во финалето по справи

Првата половина на натпреварите во гимнастика по справи мина во знакот на британскиот гимнастичар Макс Витлок кој освои две злата во дисциплините партер и коњ со рачки, а уште едно злато во колекцијата освои Американката, Симон Бајлс откако беше најдобра во прескок. Распределени се медали во четири дисциплини, а ова се најуспешните:

Партер (мажи)

1. Макс Витлок (Велика Британија) 

2. Диего Хиполито (Бразил) 

3. Артур Маријано (Бразил) 

Коњ со рачки (мажи)

1. Макс Витлок (Велика Британија) 

2. Луис Смит (Велика Британија) 

3. Александер Надур (САД)

Прескок (жени)

1. Симон Бајлс (САД)

2. Марија Пасека (Русија)

3. Џулија Штајнбергер (Швајцарија) 

Разбој (жени)

1. Алија Мустафина (Русија) 

2. Медисон Коцијан (САД) 

3. Софи Шнајдер (Германија)