Блесок на Рејчел Стојанов во Баку и најдобар резултат во кариерата

Најдобрата македонска гимнастичкарка Рејчел Стојанов го оствари најдобриот резултат во својата кариера и го запиша најдобриот резултат на една справа во професионалната кариера. Младата охриѓанка, членка на КГС Партизан доби 23.000 поени на чуневи на митингот од Светскиот Куп во Баку, што е најдобар нејзин резултат откако се занимава со гимнастика.

Стојанов беше на крајот 19-та од 60 натпреварувачки во ритмичка гимнастика, што е за секоја пофалба.

Следниот предизвик на Стојанов е натпреварот во италијанскиот град Пезаро на крајот од овој месец.