ВИДЕО: Бајлс е легенда - ново злато и израмнување на рекордот на Шчербо!

Дали светот на гимнастикатата ја доби најдобрата на сите времиња? Само небото е граница на американскара хероина Симон Бајлс. Генијалната американска гимнастичарка го освои второто злато на Светското првенство во Штутгарт и стигна до бројката 23 медали на Светските првенства.

Со ова постигнување таа се израмни со легендарниот советски атлетичар, по потекло од Белорусија, Виталиј Шчербо. 22-годишната Бајлс со 15.399 поени супер-убедливо го освои златниот медал во прескок, победувајќи ги Кери од САД и  Дауни од Велика Британија.

Бајлс во својата колекција сега има 23 медали, од кои 17 се златни, три се сребрени и три бронзени. Нема дилеми дека рекордот на Шчербо ќе падне по две години на Светското првенство во Копенхаген, каде Бајлс веројатно повторно ќе биде главен фаворит за златниот медал.