Бајлс е „кралицата“: Американката грабна уште едно олимписко злато во повеќебој (ВИДЕО)

Најпопуларната гимнастичарка на денешницата, Американката Симоне Бајл вторпат во кариерата се закити со титулата олимписка шампионка во повеќебој. Воедно ова е нејзино шесто олимписко злато во кариерата.

За нејзините четири вежби во севкупното финале, Бајлс доби вкупно 59.131 поен, 1.199 повеќе од сребрената Бразилка Ребека Андрада, или 2.666 повеќе од бронзената сонародничка Суниса Ли, бранителот златен медал од Токио пред три години. Најголем дел од конечната разлика беше постигната на последната вежба на партер, пред која Бајл имаше само 0,166 поени повеќе од Андраде, но Бразилката за својот настап доби оценка од само 14,033, а Бајлс 15,066.

Американката ги освои своите први четири олимписки злата пред осум години во Рио Де Жанеиро, кога за првпат во кариерата беше најдобра во повеќебој, а пред три години во Токио освои екипно сребро и поединечна бронза. Потоа паузираше поради проблеми со менталното здравје за триумфално да се врати во Париз. Неделава беше член на златниот американски тим, кој освои злато во повеќебој, а ја чекаат уште три индивидуални финалиња.

За Андраде ова е второ олимписко сребро во повеќебој, откако пред три години поуспешна од неа беше Американката Ли.