• Зоран Мишевски
Најкомплетната гимнастичарка на денешницата, Симон Бајлс блесна со цел свој сјај и донесе златен медал за американската репрезентација на Светското првенство во гимнастика во Штуттгарт. Петтата последователна тимска титула Американките ја освоија победувајќи ги Русија и Италија кои го комплетираа пиедесталот.
22-годишната Бајлс имаше неколку перфектни изведбуи, а блесна со тројна-двојна комбинација на партер.
- Комплетниот настап на Симон Бајлс:
Ова злато е 15-то од Светските првенства и рекорден 21-ви медал за најдобрата светска гимнастичарка. Со овој златен медал Бајлс ја мина Светплата Коркина на вечната листа и пред неа е само руската легенда Виталиј Шчербо со 23 мундијалски злата.