• Саше Љолес
Поранешниот лекар на женската атлетска репрезентација на Соединетите Американски Држави, Лари Насар, кој е осуден на 175 години затвор поради силување на стотици девојки, бил избоден со нож во затворот каде ја издржува доживотната казна.
Насар беше централна вест во Соединетите Американски Држави поради овој огромен скандал чија разрешница се чекаше долго време. Тој добил десет убоди со нож, два во вратот, два во грбот и шест во градите, по што заработил „пнеумоторакис“, или „пукање“ на градниот кош. Затворските чувари брзо изреагирале и успеале да му го спасат животот, иако тој сè уште е во тешка, но стабилна состојба.
Во текот на судењето, Насар призна дека злоставувал повеќе девојки во својот клинички центар на Универзитетот во Мичиген, а се изјасни и како виновен за поседување снимки со детска порнографија.
Осудениот лекар беше обвинет од дури 330 жени кои тврдеа дека биле малтретирани и силувани, а судот, земајќи ги предвид сите докази, му пресуди затворска казна од неверојатни 175 години. Гимнастичката федерација на Соединетите Американски Држави се обврза да ги обесштети жртвите на лекарот и вкупно беа исплатени повеќе од 380 милиони долари, а државата Мичиген исплати уште дополнителни 500 милиони кои беа поделени на сите жртви, вклучително и на четирикратната олимписка шампионка, Симон Бајлс.