Американската гимнастичарка Бајлс со четврто злато влезе меѓу најдобрите во историјата

Ноќва на гимнастичките натпревари се одржаа четири финални дисциплини по справи, а младата Американка Симоне Бајлс го освои четвртото злато, а петтиот медал на Олимписките игри во Рио и се израмни со најдобрите гимнастичарки во историјата на Олимписките игри. Екатерина Сабо, Вера Чаславска и Лариса Латинина имаат четири злата на една Олимпијада, а сега им се приклучи Бајлс со најсјајниот медал на партер во женска конкуренција.  

Разбој (М)

1. Олег Верниајев (Укр) 

2. Данел Лејва (САД) 

3. Давид Белјавскиј (Рус) 

Вратило (М)

1. Фабијан Хамбихен (Гер) 

2. Данел Лејва (САД) 

3. Најл Вилсон (Бри) 

Партер (Ж)

1. Симоне Бајлс (САД)

2. Александра Рајсман (САД) 

3. Ејми Тинклер (Бри)