• Иван Димовски
Веројатно најдобрата гимнастичарка на светот, Симон Бајлс, во еден ден успеа непријатно да ги изненади Американците, бидејќи „прокоцка“ два златни медали.
Ребека Андраде освои златен медал во дисциплината партер во Париз. Бразилката го освои своето четврто одличје на овие Олимписки игри, откако собра 14.166 поени и ја изненади фаворитката Бајлс. Американската гимнастичарка имаше резултат 14.144, што беше доволно за второ место, а бронзена беше Џордан Чилс.
Исто така Симон Бајлс не успеа да освои злато, иако беше фаворитка и на греда. Златниот медал ѝ припадна на Алисиа Д'Амато од Италија, сребрена беше Ќу Јакин од Кина, а бронзена беше уште една Италијанка, Манила Д'Еспозито. Бајлс во оваа конкуренција заврши на петтото место, откако за време на вежбата падна од гредата.
На Олимписките игри најдобрата гимнастичарка на денешницата има вкупно седум златни одличја, а три се од Париз и тоа во поединечен и екипен повеќебој и прескок.