Во пресрет на квалификациите за Европското првенство, футсал репрезентацијата на Македонија доби големо засилување во својот стручен штаб. Трофејниот хрватски тренер и поранешен селектор на футсал репрезентацијата на Хрватска, Мато Станковиќ ја прифати поканата од селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски да биде дел од нашиот тим на квалификациите за пласман на Европското првенство.