Футсал-репрезентацијата на Македонија влезе со големи мотиви во мечот со Србија, ама мора да се помири со висок пораз (1-6) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП). По ремито во Врање (1-1), апетитите кај нашите репрезентативци пораснаа, се целеше на изненадување и сериозна игра за прво место на Европското првенство, арно ама, „орлите“ овој пат беа далеку поефиаксни на стартот и си ја решија работата за едно полувреме. Македонија во квалификациите за ЕП има два освоени бода и сега е последна на табелата. Циклусот продолжува во април, поточно на 8 април кога во Скопје гостува БиХ, а за крај следи гостување во Темишвар кај Романија (14 април).