Primary tabs

  • Железарец е спремен за изненадување во Пескара

    Екипата на Железарец го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Пескара, каде треба да настапи на УЕФА Футсал купот. Скопската екипа е спремна за секакво изненадување, иако се спротивставува на екипи со поголем буџет и секако поголеми квалитети и искуство во вакви натпревари. Самото учество на купот е најголем успех на клубот и на македонскиот футсал.

  • Железарец „се испоти“ во Велес

    Нашиот футсал шампион, Железарец, издвојува тешка победа на гостувањето во Велес против КМФ Велес со 5-4 (3-2), во натпревар од 6. коло во ПФЛ. Домаќините го отворија резултатот со голот на Адиловиќ во третата минута, а Железарец израмни во петтата минута со голот на Даниел. Со головите на Леовски во 7. и 14. минута, првакот направи целосен пресврт за водство од 3-1. Кога сите помислија дека ова ќе биде уште една убедлива победа, домашните фудбалери со голот на Шатара во 17. минута намалија на 3-2, резултат кој остана на полувремето.

  • Железарец денес игра во Велес, но со мислите е во Пескара

    Македонскиот футсал шампион, Железарец полека ги завршува подготовките за настап во елитната рунда од УЕФА Футсал купот, кој ќе се одржи во Пескара, Италија. Турнирот започнува на 18. ноември.

  • Одредени термините од футсал Евро купот: Железарец на стартот против домаќинот Пескара

    Денес беа одредени термините за одигрување на  натпреварите во „Елитната“ група од Евро купот, кој ќе се одигра во Пескара. Купот ќе се одржи од 11. до 14. ноември годинава.

  • Шкупи даде достоен отпор, но „железарците“ се разбудија по одморот за нова победа

    Првакот Железарец очекувано дојде до победа во заостанатиот натпревар од третото коло во Првата македонска футсал лига. Железарец победи со 5-1(1-1) против жилавиот Шкупи. На првиот гол се чекаше до 10. минута, кога Даниел постигна гол по додавањето на Глигоров. Во финишот на првиот дел гостите успеаја да израмнат преку Сефери во 20. минута и со тој резултат се отиде на одмор.

Pages